Руската војска одговори на обвинувањата за воздушните напади во Сирија

Претставници на руската и американската војска дискутираа во текот на видео-конференција за Меморандумот за меѓусебно разбирање и спречување на инциденти во воздушниот простор на Сирија, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Според Конашенков американската страна соопштила дека руската авијација наводно и покрај апелите од САД свесно ги бомбардирала одредите на опозицијата во јужниот дел на Сирија.

Бомбардираниот објект бил оддалечен повеќе од 300 километри од територијата што Американците ја пријавиле како област во која дејствува опозицијата вклучена во режимот на прекин на огнот, рече Конашенков.

Според него ВКС Русија дејствува во рамките на пропишаните процедури и навремено ја предупредила коалицијата предводена од САД за изборот на цели, меѓутоа, американската страна не ги доставила координатите на областите во кои дејствува опозицијата под нивна контрола.

Конашенков додаде дека Министерството за одбрана на РФ одамна им предлага на САД да се состави единствена мапа на позициите на силите кои дејствуваат во Сирија, меѓутоа, на тој план не е остварен никаков напредок.

Тој исто така нагласи дека разговорот бил конструктивен и дека двете страни тежнеат кон подобрување на координацијата и спречување на инциденти, соопштува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња