Министерот за спорт Виталиј Мутко изјави дека Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) треба да се распушти откако таа ја отфрли од себе сета одговорност, префрлаќи ја врз Серуската атлетска федерација.
„Таа (ИААФ) треба да се распушти, ако нејзиниот претседател се наоѓа под кривична истрага – го обвинуваат за земање мито и криење на примероците за допинг на спортистите“, изјави Мутко телефонски за „Р-Спорт“.
Мутко додаде дека го смета за неправилно тоа што во моментов се случува околу рускиот спорт. „Ми се чини дека сето ова е неправилно на морален план. Но тие им попуштаат, затоа што во тек е најсилниот притисок од јавноста. Не
е тоа општественото мислење. Не е наш пронајдок допингот. Тоа се двојни стандарди“, изјави Мутко.
Според министерот, во моментов околу репрезентацијата на Русија „се случува некаква психоза“, веќе „ни здравиот разум, ни аргументите, ништо не се слуша“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче