Главна тема на разговорот на претседателот на Русија Владимир Путин со генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун на средбата во Санкт Петербург бее конфликтот во Сирија. Ова во петокот го изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру.“
„Во целина Путин даде висока оценка за работата на Бан Ки Мун на местото генерален секретар на ООН, имајќи предвид дека тој е блиску до завршувањето на својата мисија. Во присуство на (специјалниот пратеник на ООН Стафан) де Мистура големо внимание ѝ беше посветено на Сирија“, соопшти Песков.
Портпаролот на претседателот исто така потврди дека Путин не дискутирал на средбата со шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер укинување на санкциите. „Се дискутираше ситуацијата во која фактички ние се најдовме во услови на замрзнати односи на линијата Русија и ЕУ“, објасни тој.
Москва и Брисел, како што истакна Песков, разбираат дека не треба „да се стават себеси во таков вакуум“. „Тоа не одговара на интересите ни на ЕУ, ни на Русија (...) Сфаќање дека треба да се бараат начини за излез од ситуацијата постои“, заклучи портпаролот Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче