Медиум: „Северен тек 2“ се реализира и покрај санкциите против РФ

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, без оглед на протестите кои доаѓаат од Украина, Полска и балтичките земји се реализира постепено, меѓу другото, благодарение на владата на Германија. Полските медиуми интензивно манипулираат со фактите зборувајќи за наводно прекршување и економско убиство на проектот за ПТГ терминали во Полска и Литванија, пишува „Взгљад“.

Нарачаните цевки веќе пристигнаа, распишан е и тендер за нивно поставување. А сето тоа со одобрение на германската влада, без оглед на санкциите против Русија, пишува „Радио Полска“ повикувајќи се на „Зиддојче Цајтунг“.

Според овој весник во Германија продолжуваат интензивните подготовки за реализација на проектот. Во околината на градот Грајсвалд гасоводот треба да биде приклучен на германскиот систем за транспорт на гас. Во моментов се работи на пронаоѓање на најповолната локација за изградба на поврзувањето. Компаниите „ќерки“ на „Гаспром“  „Гаскејд“ и германската компанија „Винтершел“ интензивно работат на изградбата на новиот гасовод кој ќе ги поврзува Грајсвалд по долината на источната граница на Германија со Чешка.

„За нас, ова е чисто економски проект, затоа „Северен тек 2“ треба да се оценува од економска гледна точка“, изјави германскиот министер за економија Зигмар Габриел.

Германскиот политичар, пишува весникот, има инвестирано во проектот голем политички капитал. Весникот потсетува на минатогодишната посета на Габриел на Москва при што тој првпат спомена делумно укинување на санкциите. Тој, исто така, изрази мислење дека двете земји треба да ги решат прашањата поврзани со снабдувањето со енергенси со цел да се избегне политичка интервенција од надвор.

Притоа весникот забележува дека тнр. Трет енергетски пакет на Европската унија предвидува раздвојување на продажбата од испораката на гас, како и обезбедување на пристап до инфраструктурата за транспорт на гас на голем број оператори. Според радиото, „Северен тек 2“ ќе ги крши тие одредби. Како што нагласува германскиот весник, гасоводот ќе поминува низ меѓународни води, што ќе го направи потешко запирањето на проектот, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.