САД се надеваат на соработка со земјите од Тихоокеанскиот обрач за одвраќање на Русија и решавање на проблемот си климатските промени, изјави министерот за одбрана на САД Ештон Картер, настапувајќи на Меѓународната конференција за безбедност во Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР) „Шангри-ла дијалог“.
Како што соопшти агенцијата „Ројтерс“, Картер изјави дека во регионот треба да биде создадена „принципиелна мрежа за безбедност“ која ќе стане „следниот бран на безбедност во АТР“ и исто така ќе може да обезбеди заштита од „активностите на Русија кои предизвикуваат загриженост“ и „растечкото стратешко влијание на климатските промени“.
Шефот на Пентагон потсети дека соработката на САД за безбедносни прашања со земји како што се Јапонија, Филипините, Виетнам и Австралија претставуваат дел од напорите на сегашната администрација на САД за „пресврт“ или промена на рамнотежата во АТР.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче