Лавров:Турција не сака да соработува со европските партнери

Шефот на руската дипломатија ги објасни причините за донесувањето на германската резолуција за ерменскиот геноцид.

Германскиот парламент ја усвои резолуцијата за признавање на геноцидот врз Ерменците во 1915 година поради тоа што Турција не сака да соработува со нејзините партнери по низа прашања и правејќи скандали наместо тоа. Ваков став изрази рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во емисијата „Вести во саботата со Сергеј Бриљов“ на телевизијата „Русија 1“.

Лавров, исто така, истакна дека ја смета оценката која Анкара ја даде на одлуката на Бундестагот  за апсолутно несоодветна. Во исто време тој појасни дека Москва не го смета усвојувањето на резолуцијата како сигнал на Турција за крајот на добрите односи со Европа.

Во четвртокот, 2 јуни, германскиот парламент усвои резолуција со која се  признаваат за геноцид злосторствата врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година. Во знак на поддршка на документот пратениците гласаа речиси едногласно. Во резолуцијата, на пример, се вели дека уништувањето на Ерменците во Отоманската империја за време на Првата светска војна била „најголемата катастрофа што резултираше со огромни последици во илјадагодишната историја на ерменскиот народ“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња