Греф: Пораст на руската економија при 45 долари за барел нафта

Претседателот на „Сбербанк“ Герман Греф смета дека руската економија може да покаже раст веќе наредната година при цени на нафтата од 45 долари за барел.

Претседателот на „Сбербанк“ Герман Греф смета дека руската економија може да покаже раст веќе наредната година при цени на нафтата од 45 долари за барел, пренесува телевизијата „Русија 24“.

Според првиот човек на „Сбербанк“, цената на барел нафта во 2020 година би можела да достигне 60 долари, а до 2024 година може да се зголеми до 80 долари.

Според Лондонската берза ICE, цената на суровата нафта „Брент “ на 26 мај првпат од 4 ноември 2015 година го надмина нивото од 50 долари за барел. Максималната цена на трансакцијата со јулски фјучерси за сурова нафта „Брент“ достигна вредност од 50,08 долари за барел.

Цените на нафтата почнаа да се зголемуваат по објавувањето на 25 мај на податоците за резервите на САД. Така, комерцијалните нафтени резерви во земјата се намалија од 16 до 20 мај за 4,2 милиони барели, на 537, 1 милиони. Притоа аналитичарите очекуваа пад за само два милиони барели.

На 29 мај министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека предвидува обнова на балансот на понудата и побарувачката на пазарот на нафта до крајот на 2017 година. Министерот исто така посочи дека дотогаш уделот на гас ќе се зголеми, бидејќи како еколошка суровина тој ќе се користи повеќе ширум светот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња