Кери: НАТО да разговара со Русија, но без нормализација на односите

Државниот секретар на САД го повика НАТО да одржува политички дијалог со Русија, но потенцираше дека тоа не значи дека западните земји треба да се вратат на претходната соработка со својот источен сосед.

Американскиот државен секретар Џон Кери повика на политички дијалог меѓу НАТО и Русија. Меѓутоа, тој отфрли каква било нормализација на односите со Москва.

„НАТО беше и секогаш ќе биде подготвено и треба да се стреми кон политички дијалог со Русија. Меѓутоа ние одбиваме да ги водиме работите на обично ниво сѐ додека „Минската спогодба“ не биде во целост исполнета. Тоа е крајно важно. Немојте ни да помислите: ние нема да ги признаеме анексијата и окупацијата на Крим“.

Кери зборуваше на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел. Според неговите зборови, потребно е во целост да се реализира „Минската спогодба“ за да се нормализираат односите меѓу Русија и НАТО, пренесува ИноТВ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња