Франција не е подготвена да го одобри предавањето на европскиот систем за ПРО под контрола на НАТО. Притоа САД се надеваат дека ќе успеат да го убедат Париз да ја измени својата одлука до одржувањето на самитот на Алијансата во Варшава во јули, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Американските чиновници се плашат дека секакво одолговлекување може да биде протолкувано од Русија како знак на слабост. Русија многупати се има изјаснето дека е против овој систем. И ако во текот на самитот во јули НАТО не прогласи дека го пуштил системот во работа, Русија ќе изјави дека Алијансата ѝ оди по волја, пишува американскиот весник.
Впрочем, Франција изјавува дека нејзиниот став по ова прашање нема никаква врска со мислењето на Русија. Француската страна сомнева во подготвеноста на системот на командување и контрола на НАТО. Париз сака да биде сигурен дека системот за противракетна одбрана е под контрола на НАТО, а не само на САД. „Ова не е само техничко прашање, тука има политичка страна. Тоа е систем на НАТО, и ако биде соборена ракета, одговорноста ќе лежи врз НАТО. И за пропустот ќе одговара НАТО, исто така“, изјави еден од француските официјални лица.
Претставниците на Франција истакнуваат дека системот за команда и управување засега не е подготвен и ПРО останува под контрола на САД. „Системот за команда и управување е недоволно доработен за да му се овозможи на НАТО да ја преземе контролата над ситуацијата“, изјави функционер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче