Грција почнува да гради гасовод што ќе ја заобиколува Русија

Грција денеска почнува со изградбата на Трансјадранскиот гасовод.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас на 17 мај ќе го означи почетокот на изградбата на дел од Трансјадранскиот гасовод (TAP) чиј проект предвидува испорака на гас во Европа преку Грција, соопштува „Си-Ен-Би-Си“, а пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.

Во церемонијата ќе земат учество официјални претставници на Европската унија и Стејт департментот на САД, како и високи функционери од Грција, Турција, Албанија, Италија и Бугарија.

Гасоводот TAP претставува дел од проектот „Јужен гасен коридор“ кој предвидува испорака на гас од каспискиот регион во Европа, одминувајќи ја Русија. Азербејџански „Сокар“ (Socar) планира да го искористи TAP за испорака на гас од наоѓалиштето Шах-Дениз до европските потрошувачи. Гасот најпрвин ќе оди преку Трансанадолискиот гасовод (TANAP) низ Грузија во Турција, потоа во Европа преку TAP низ Грција, Албанија до југот на Италија.

Учесниците во проектот TAP кој чини 45 милијарди долари се BP - 20%, азербејџански Socar - 20%, италијански Snam - 20%, белгиски Fluxys - 19%, шпански Enagas - 16% и швајцарски Axpo - 5%.

Првичната проектирана моќност на ТАР изнесува 10 милијарди кубни метри гас годишно. Во иднина за сметка со додавање две дополнителни компресорски станици силата може да биде зголемена.

Во март 2016 година Европската комисија го одобри договорот за изградба на TAP (Трансјадрански гасовод) во Европа прек Грција. Европската комисија го призна договорот меѓу Грција и компанијата што управува со гасоводот како договор кој соодветствува на законодавството на ЕУ.  Според мислењето на комисијата, проектот може да смета на мерки за поддршка од страна на ЕУ:

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња