Како што истакнува изданието, во анкетата учествувале над 22 илјади луѓе. „Во тоа има одредена романтика. Идејата за враќање кон природата во толку оддалечен реон“, ги цитира весникот зборовите на еден од анкетираните.
„Сега Владимир Путин ми се допаѓа уште повеќе. Да бев 30 години помлад, веќе ќе бев на пат натаму“, изјави друг учесник во анкетата.
Како што истакнува весникот, некои испитаници сметаат дека, доколку по јунскиот референдум биде донесена одлука за останување на земјата во состав на ЕУ, бројот на оние кои ќе сакаат да се преселат во Русија само ќе се зголеми.
Од 1 јуни 2016 година почнува првата етапа од доделување на „далечноисточните хектари“. До 1 февруари 2017 година парцели ќе можат да добиваат само Руси, регистрирани на територијата на соодветниот субјект на Русија, додека по тој датум земја ќе можат да добиваат сите граѓани, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче