Русија не ја исклучува опцијата за реформи во Советот за безбедност на ООН со која би се зголемил бројот на постојани држави-членки, изјави за „Интерфакс“ заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков на неофицијалното пленарно заседание на Генералното собрание на ООН.
Според неговите зборови, Москва е убедена дека формулата за реформирање „треба да има максимално широка поддршка од државите-членки на ООН“.
„Неопходно е да се гарантира поддршка на значителен број држави-членки, отколку формално неопходно мнозинство од две третини гласови на Генералното собрание“, истакна тој.
„Што се однесува до позицијата на Русија, ние не ја исклучуваме опцијата за реформа со која во СБ би се појавиле нови постојани членки“; потенцира Сафронков.
Притоа тој истакна дека за донесување одлука во полза на таквата опција „треба јасно да се замисли целата шема, вклучително и кои земји конкретно ќе ги заземат местата во Советот на постојана основа“.
Исто така, според неговите зборови, потребно е да се има предвид и „таванот“ за максимална бројка во Советот, малку повеќе од 20 е „разумна за зачувување на ефикасноста на неговата работа“.
Сафронков истакна дека Русија „во принцип се залага за проширување на застапеноста во СБ на земјите во развој од Азија, Африка и Латинска Америка при секаков исход на реформите“.
„При секоја варијанта на проширување на СБ без промена треба да останат и прерогативите на неговите сегашни постојани членки, вклучително и правото на вето“, потенцира тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче