Полска не им дозволи влез на „Ноќните волци“

Според зборовите на Александар Залдостанов-Хирург, вратени се дури и оние кои имаат европски пасоши.

На учесниците на мото-клубот „Ноќни волци“ кои се дел од дефилето до Берлин, вклучително и на оние кои поседуваат европски пасоши, не им беше дозволено да ја поминат полската граница, изјави за „Интерфакс“ лидерот на клубот Алекксандар Залдостанов-Хирург.

„Сега сме на границата со Полска, нѐ има околу 50 луѓе. Без оглед на тоа што направивме сѐ според законот – и добивме визи, и ја наведовме маршрутата, тие не пропуштија никого“, изјави тој.

Како што потенцираше Залдостанов, „ги вратија дури и луѓето кои имаат европски пасоши“.

Според неговото мислење, „ова е потполно беззаконие“.

Притоа лидерот на клубот не прецизираше како граничарите ги аргументирале своите постапки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.