НАТО има намера да испрати четири баталјони на своите источни граници како одговор на „ненадејните воени вежби на Русите“. Притоа особена улога во мисијата на Алијансата за „заплашување на Москва“ ѝ се дава на Германија, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Западните сојузници имаат намера да испратат четири баталјони со околу 4 илјади војници во Полска и Баликот со цел „зацврстување на границата“ со Русија.
Од страна на САД се планира испраќање на два баталјона и уште по еден баталјон од Германија и Велика Британија. Како што изјави заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк, наведениот план ќе биде одговор на „нараснатата воена активност на Русија“ во Прибалтикот. „Руските одржаа мноштво ненајавени маневри директно на границата со голем број војници. Од наша гледна точка, тоа е крајно провокативно однесување“, истакна Ворк.
Од своја страна руски претставници изјавија дека маневрите беа одговор на зголемувањето на силите на НАТО и агресивното однесување спрема Москва. Според зборовите на претставници на Алијансата, за „заплашување на Русија“ особено е важно учеството на Германија. Без оглед на воздржаниот однос на Германците спрема оваа идеја, канцеларката Ангела Меркел и водечките дејци на Германија инсистираат на поактивно учество на Берлин во политиката на меѓународната безбедност.
Според зборовите на политичарите, плановите за испраќање на баталјоните ќе се разгледуваат на самитот на НАТО во Варшава во јули, зашто конечна одлука не е донесена. Прашањето беше дискутирано меѓу Ангела Меркел и претседателот на САД Барак Обама во текот на неговата последна посета на Германија.
„Вол Стрит Џурнал“ пишува дека лидерот на германските левичари во Бундестагот Грегор Гизи веќе изјавил дека испраќањето на војската ќе стане „погрешно обраќање пред 75-годишнината од нападот на нацистичка Германија на СССР“. Од своја страна амбасадорот на Русија во НАТО Александар Грушко потенцираше: „Ние не сме пасивни набљудувачи и ќе ги преземеме сите неопходни воени мерки за одговор на ова зајакнато и апсолутно неоправдано воено присуство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче