Герасимов: Анкара му пречи на мирот во Сирија

Анкара продолжува со политиката на поддршка на терористите со оружје, муниција и медикаменти, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов на петтата Московска конференција за меѓународна безбедност.

Снабдувањето на терористите во Сирија од страна на Анкара има многу негативно влијание врз мировниот процес, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов на петтата Московска конференција за меѓународна безбедност.

„Еден од дестабилизирачките фактори кој има значително негативно влијание врз мировниот процес е помошта која Анкара им ја дава на терористите во оружје, муниција и медикаменти. Во турските болници се врши рехабилитација на ранетите терористи“, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов.

Герасимов додаде дека „без оглед на субверзивната активност на турските власти, терористичката активност на ИД и „Џебхат ан-Нусра“, од страна на Центарот (за помирување на спротивставените страни на територијата на Сирија) се врши работа за помирување на спротивставените страни, се реализира собирање на информации за нарушување на примирјето, се организира достава на хуманитарна помош на цивилното население“, ги пренесува зборовите на рускиот генерал РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња