Русинка тестира најнов заштитен систем од противпешадиски мини

Специјалистите на рускиот воено-индустриски комплекс извршија тестирање на најновиот панцир од несмртоносни средства.

Како што пишуваше рускиот поет Николај Некрасов уште на средината на 19 век, вистинската руска жена „коњ во трк ќе запре, во запалена куќа ќе влезе“. Овие стихови станаа прототип на руската девојка - едноставна, но со силен дух.

Специјалистка на претпријатието ЦНИИТОЧМАШ ја докажа со личен пример соодветноста на овие зборови во текот на испитувањата на лесниот заштитен комплет против влијанието на несмртоносни средства за неутрализирање на противникот.

Облечена во специјално заштитно одело, таа едноставно не маршира, туку буквално лебди на полигонот во градот Климовск (50 км јужно до Москва – заб. на ред.), додека околу неа експлодираат мини и од земја излегуваат пламени јазици. Без оглед на масовните експлозии на противпешадиските мини, хероината останува неповредена и на крајот на видеото ја симнува маската пред камерата.

Како што подоцна напиша вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин на својата страница на „Фејсбук“, Терминаторот е само жална прилика на девојките-тестатори на воено-индустрискиот комплекс на Русија.

Видеото од испитувањата можете да го погледнете овде.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња