„Женевската платформа треба да стане „работилница“ за усогласување на контурите на идната сириска времена држава и дефинирањето на патиштата за напредок до неа, а не „пазар“ со елементи на груба уцена спрема меѓународната заедница. Со својата ултимативна позиција „Ријадската“ екипа, најверојатно, се обидува да го сокрие отсуството кај неа на конкретни реалистични предлози за модалностите за политичкото решение на кризата во САР“, се вели во коментарот на Одделот за информација и печат на МНР РФ објавен на сајтот на институцијата.
Според министерството, решението на „Ријадската“ група за излегување од преговорите сведочи за нејзината ниска подготвеност за склучување договор и ја потврдува нејзината неспособност за претставување на интересите на опозицијата во Сирија. Особено се истакнува тоа што „Московско-каирскиот блок“ и “Хмејмимската група“ на опозицијата на Сирија не ја поддржаа одлуката на своите колеги и ја осудија нивната одлука за прекин на учеството во преговорите.
Претходно шефот на МНР РФ Сергеј Лавров ја нарече „Ријадската“ група на опозицијата во преговорите за Сирија „каприциозна“ и „разгалена“, повикувајќи ја меѓународната заедница да ги пресече нејзините обиди за враќање кон насилно решение на конфликтот во Сирија, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче