НАТО имал две средби со Русија, Москва вели пет

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова одговори на изјавите на Александар Вершбоу дека РФ и НАТО последниве две години одржале пет средби, а не две, и дека немало никакви тајни преговори.

Од 2014 година Русија и НАТО имале „две не многу успешни“ средби, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на каналот „1+1”.

„Кога ја замрзнавме соработката (со Русија) пред две години, отворено изјавивме дека дипломатските канали остануваат отворени и дека сме подготвени да разговараме со Русија дури и кога немаме практична соработка“, изјави Вершбоу.

Тој истакна дека НАТО и Русија „веќе имаа две средби по анексијата на Крим, не многу успешни средби“.

„Но ние се придржуваме до линијата дека е подобро да се разговара со Русите и да им се објасни што сметаме дека е недозволиво во нивното однесување“, изјави Вершбоу.

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова на изјавите на Александар Вершбоу одговори дека РФ и НАТО последниве две години одржаа пет состаноци, а не два, и дека немало никакви тајни преговори.

„Медиумските агенции не ни сочекаа Вершбоу да ја негира претпоставката за „тајност“ (која се содржеше во прашањето на новинарот на кое Вершбоу не одговори), туку објавија информација за „две тајни“ средби меѓу Русија и НАТО. Очигледно дека „двете тајни и неуспешни средби меѓу Русија и НАТО биле толку „тајни и неуспешни“ што за нив не знае дури ни руската страна. Втората варијанта за објаснувањето е дека борбата на НАТО против „руската информативна машинерија“, за која цело време се зборува, стапи во критичната фаза, и дека на високите претставници на организацијата им е блокиран пристапот до алтернативните извори на информации, како што се на пример сајтовите на Министерството за надворешни работи на Русија или постојаното претставништво на Русија во НАТО“, напиша Захарова на својата Фејсбук страница.

Според нејзините зборови, Русија и НАТО не одржале два, туку пет состаноци, тие никогаш не биле тајни и се одржани во различни формати.

Захарова ги набројува сите пет средби меѓу претставниците на Русија и НАТО во последните две години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња