Гласовите дека Русија води тајни преговори за Сирија се обид да се компромитира Москва, изјави шефот на МНР Русија Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Според неговите зборови, постојат такви кои сакаат да ја препишат одлуката на СБ ООН и „да се обидат да го предодредат исходот од сириските преговори“. На пример, тие го истакнуваат како претходен услов барањето во ултимативна форма за потребата од заминување на претседателот Асад. „Тоа е неприфатливо, тоа е обид за прекин на процесот за решавање и за компромитирање на СБ ООН“, изјави Лавров на прес-конфереција.
„А гласовите дека Русија дала „зелено светло“ за тоа во текот на некакви тајни преговори е веќе обид да се компромитира Руската Федерација. А истовремено и да се префрли врз нас, веројатно, одговорноста за тоа дека некои, како што чувте, подготвуваат план „Б“, а имено сметаат дека тие преговори ќе пропаднат и тогаш ќе биде можно, како што соопштија американски официјални лица, да се испорача ново вооружување во Сирија за непомирливита опозиција за тие да ја решат по воен пат најстарата и до ден-денес од некои негувана задача за соборување на режимот по пат на воени дејствија“, додаде министерот за надворешни работи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче