Шефот на Министерството за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски ја нарече Русија егзистенцијална закана за Европа и светот, соопштува „Ројтерс“.
Настапувајќи на конференцијата за безбедност во Братислава, Вашчиковски направи класификација на светските закани. „Заканите се егзистенцијални и неегзистенцијални. Активностите на Русите се закана, сама по себе, егзистенцијална, затоа што тие можат да уништуваат цели земји. Неегзистенцијалните закани се терористите или, на пример, масовниот наплив од мигранти“.
Одговарајќи на прашањето, во кој тип закани тој ја смета „Исламската држава“, Вашчиковски објасни: „Тоа е многу важна закана, но таа сепак не е закана за постоењето на Европа“.
Шефот на полското МНР исто така изјави дека Варшава ќе инсистира на распоредување во земјата на дополнителни сили на НАТО, и се надева да дојде до позитивна одлука на претстојниот на НАТО во јули: „Нам ни е потребно, потребно, потребно нивното присуство. Присуството на единици на различни земјо од НАТО може да стане симбол за подготвеноста на Алијансата да го брани своето источно крило. Потребно е да се разгледа размерот на нивното присуство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче