По терористичкиот напад во Брисел „единството“ стана нова мантра, како единството во нашата земја, така и единството единството на европските земји. Не вклучија само една европска земја, а тоа е Русија, макар што реално и руските граѓани беа жртви на злосторствата на „Исламската држава“, пишува Фолке Шимански.
Архаичните медиуми пишуваат за клучниот придонес на Русија (која тие обично ја нарекуваат Путин) во приведувањето кон крај на сириската војна само со омаловажување и ситни зборови. Русија е важен партнер во уништувањето на малигниот тумор наречен „Исламска држава“, истакнува авторот.
Сметајќи ја Русија за главна закана по својата безбедност, Шведска манифестира паланечко размислување, но тоа секако, од друга страна го оправдува потпишувањето на договорот со НАТО алијансата за воена помош. Службата за државна безбедност на Шведска откри „лажни вести“ кои ги шират организации како телевизискиот канал РТ, а кои, како што се тврди кај нас, ги трујат со својот ефикасен отров мозоците лишени од критичко мислење, независно од тоа кому му припаѓаат, и ги сведува на ниво на Путинови тролови, пишува Шимански.
„Многу е чудно некој денеска да има таков пристап. Време е да се сфати дека Русија ни е потребна макар како противник на нашиот заеднички непријател“.
Исто така може да се додаде дека ваква ситуација имало и за време на Првата светска војна, пишува шведскиот писател и новинар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче