Враќање на нормален дијалог со НАТО нема да има сѐ додека Алијансата не ја ревидира политиката на одвраќање на Русија, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко, пренесува ТАСС.
„Во последно време некои земји на НАТО почнаа преку своите политички претставници на мошне високо ниво да изјавуваат дека отсуството на дијалог не е нормално од гледна точка на безбедноста на Европа. Ќе потсетам дека цела низа изјави даде, на пример, шефот на МНР Германија“.
„Ние никогаш не сме откажувале од одржување на Советот (Русија-НАТО), последната седница се одржа во мај 2014 година. Во моментов е завршена работата над агендата која ќе се однесува на најсуштинските фактори кои имаат врска со европската безбедност, на пример, кризата во Украина, пред сѐ, од гледна точка на реализацијата на „Минската спогодба“.
Исто така, ќе се разгледуваат и прашањата за воената активност и работата на НАТО.
„Никакво враќање на работите „како и обично“ со НАТО не може да има, додека во Алијансата не ја ревидираат политиката на одвраќање на Русија и не престанат да го пумпаат митот за воена закана од страна на Русија. Тоа не само што им противречи на целите и задачите на Советот Русија-НАТО, туку и на најосновните интереси на Европејците – интересите на безбедноста“, изјави рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче