Обединетата корпорација за производство на инструменти соопшти дека противаавионските ракетни системи Бук-М2 ќе бидат опремени со најнови системи за радио-врска. Според зборовите на претставниците на руската корпорација, новите системи се значително поотпорни на пречки кои можат да бидат создавани од непријателот. Освен тоа, најновите радио-станици се постабилни кога станува збор за пресретнување на сигнали.
„Обединетата корпорација за производство на инструменти во 2016 година ќе испорача серија радио-станици од последна генерација за ракетните системи Бук-М2 во состав на руската војска. Новите телекомуникациски системи имаат високо ниво на заштита од пречки и можност да емитуваат маскиран сигнал, како и да вршат псевдослучајна промена на фреквенцијата на емитувањето на сигналот. По тоа се разликуваат од радио-станиците од претходната генерација, кои функционираат на однапред одредени фреквенции, што ја зголемува можноста за следење и пресретнување на сигналот“, се наведува во соопштението на корпорацијата, пренесува „Военное обозрение”.
Во соопштението исто така се наведува дека е во тек работа на создавање на системи за врска од шеста генерација, кои ќе имаат сосем нови можности за размена на информации. Според зборовите на претставникот на корпорацијата, радио-станиците од шеста генерација ќе влезат во сериско производство во рок од две години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче