Обама: Важно е одржувањето на дијалогот со Русија

Според зборовите на американскиот лидер, целта на дијалогот со Русија е решавањето на проблемот со Украина. Сепак за САД е важно да покажат дека се решителни во „заштитата на своите вредности и своите сојузници“, додаде Барак Обама.

Претседателот на САД Барак Обама изјави во понеделникот дека го смета за „важно одржувањето на дијалогот со Русија“, пренесува РИА Новости“.

Зборувајќи по разговорите со шефот на НАТО Јенс Столтенберг, американскиот лидер изјави за подготвеноста на САД да ги исполнат своите обврски во врска со Украина.  

„Но тоа не значи дека ние не продолжуваме да работиме со Русија во обидите за изнаоѓање решение на проблемот во Украина. Го сметаме за важно одржувањето на дијалогот со Русија на многу транспарентен начин, за да ја покажеме нашата решителност во заштитата на нашите вредности и нашите сојузници“, изјави Обама.

Тој исто така го истакна стремежот „да се намали напрегнатоста и да се спречи ескалација“ со РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња