Столтенберг и Обама ќе дискутираат за задржување на Русија во Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе пристигне во Вашингтон, каде во текот на средбата со претседателот Барак Обама ќе дискутира за мерките за задржување на Русија во Европа.

Како што соопшти прес-службата на Белата куќа, на средбата со Столтенберг во Белата куќа Барак Обама има намера да го потврди единството со партнерите во НАТО по повод терористичките напади во Брисел.

Од Белата куќа истакнуваат дека посетата на генералниот секретар „го потенцира важното значење кое САД му го придаваат на трансатлантското партнерство претставено преку НАТО и дека промените во Северноатлантската алијанса во согласност со стратешките услови  што се менуваат ќе обезбедат одржување на светскиот поредок и ќе ги промовираат интересите на САД и сите членови и партнери на НАТО“.

Во средата беше објавено дека САД ќе го засилат своето воено присуство во Источна Европа со распоредување тенковска бригада во рамките на „задржувањето на потенцијалната руска закана“, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња