Во мај се планира прва проширена средба меѓу парламентарците на РФ и САД

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков прецизираше дека средбата меѓу руските и американските колеги ќе се одржи порано од претходно објавените датуми.

Првиот проширен контакт меѓу парламентарците на Русија и САД се планира во Берлин на почетокот на мај, соопшти шефот Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков, пренесува РИА „Новости“.

„Првиот проширен контакт меѓу руските и американските парламентарци се планира во Берлин на почетокот на мај на трилатералната парламентарна средба Германија-Русија-САД“, напиша тој на својот Твитер.

Претходно во саботата шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Константин Косачов изјави дека парламентарците на Русија и на САД можат да одржат средба во целосен обем врз дводомна база во јуни или јули и  дека тоа прашање било дискутирано во текот на преговорите на руските сенатори со американските конгресмени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња