МНР РФ предлага воспоставување тотална контрола над интернетот

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија по прашања за борба со тероризмот Олег Сиромолотов истапи со барање за воспоставување целосна контрола над интернетот во рамките на спротивставувањето на теророт.

„Управувањето со интернетот треба да биде меѓународно. Секоја страна во својот сектор треба да има суверенитет. Американците му се спротивставуваат на тоа под изговор дека тие го создале интернетот и би сакале самите да контролираат сѐ“, изјави дипломатот, пишува „Лента.ру“.

Според неговите зборови, терористите често користат висококвалификувани стручњаци за пробивање на електронските заштити, затоа проблемите на кибербезбедноста бараат особено внимание.

На почетокот на март министерот за комуникации и врски на РФ Николај Никифоров отфрли воведување државна контрола над интернет-сообраќајот.

Во февруари весникот „Ведомости“ соопшти дека Министерството за комуникации и врски подготвило предлог-закон за државна контрола над интернет-сообраќајот на територијата на Русија со цел обезбедување безбедност на „Рунет“, особено негова заштита од надворешни напади.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња