Сергеј Иванов: Размена на Савченко е можна, но само со одлука на Путин

Шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов потенцираше дека овој случај нема врска со „Минската спогодба“.

Размена на осудената во РФ Надежда Савченко за Руси на кои им се суди во Украина е теоретски можна, но само со одлука на претседателот на РФ, истакна шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов.

„Што се однесува теоретски до можна размена – теоретски тоа е можно. При целосно почитување на законодавството на РФ. И одлука за тоа може да донесе само претседателот на Руската Федерација“.

Шефот на администрацијата на Кремљ исто така потенцираше дека случајот на Надежда Савченко нема врска со „Минската спогодба“. „Со „Минската спогодба“ ова нема ни најмала врска, затоа што РФ не е страна во конфликтот“, изјави тој, пренесува ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња