Британија загрижена поради зависноста од рускиот гас доколку излезе од ЕУ

Според „Ројтерс“, министерката за енергетика на Велика Британија Амбер Рад има намера да изјави дека под закана можат да се најдат и странските инвестиции во енергетиката.

Во случај на излегување на Обединетото Кралство од составот на ЕУ, земјата може да стане зависна од испораките на руски гас, смета министерката за енергетика и климатски промени на Велика Британија Амбер Рад, соопшти агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на говорот на министерката со кој таа ќе настапи во четвртокот.  

Коментарот на Рад е дел од владината кампања насочена кон убедување на Британците да гласаат за останување во Европската унија на јунскиот референдум, истакнува агенцијата.

„Не можеме да си дозволиме нашата енергетска безбедност да се искористи како политички пион за да се стави Европа на колена. Дејствувајќи заеднички со ЕУ, секоја држава може да избегне тоа да стане реалност. Со други зборови, кога се работи за рускиот гас, ние можеме да опстанеме само заедно, одделно – ќе паднеме“, ги цитира „Ројтерс“ зборовите од говорот на Рад.

Русија обезбедува за ЕУ околу 30% од гасот. По минатогодишното потпишување на договорот меѓу „Гаспром“ и британската „Сентрика“, уделот на руски гас на пазарот во Велика Британија достигна 9%, пишува агенцијата.

Според информациите на „Ројтерс“, Рад исто така планира да изјави дека о излегување на Велика Британија од ЕУ под закана можат да се најдат странските инвестиции во енергетската гранка на земјата.

Референдумот за иднината на членството на Обединетото Кралство во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња