Руските универзитети напредуваа на светската ранг-листа по квалитет

Највисоки оценки доби Московскиот државен универзитет „Ломоносов”, кој зазеде позиции меѓу првите сто што се однесува на школувањето во рамките на 12 дисциплини.

Руските факултети значително ги зајакнаа позициите на меѓународната ранг-листа на високообразовни установи која секоја година ја објавува британската компанија  Quacquarelli Symonds (QS). За тоа сведочи списокот на најдобри школски установи на светот кој ги проценува факултетите од гледна точка на квалитетот на школувањето во рамките на 42 специјалности, пренесува „Росијскаја газета”.

Оваа година осум руски универзитети зазедоа 20 позиции меѓу првите сто на рејтинг-листата што се однесува до школувањето во различни специјалности. Во 2015 година меѓу првите 100 места се најдоа четири високообразовни установи  кои зазедоа осум места на листата.  

Највисоки оценки доби Московскиот државен универзитет „Ломоносов”, заземајќи позиции меѓу првите сто што се однесува до школувањето о рамките на 12 дисциплини. Најдобро оценетото школување на МГУ е во рамките на насоката „Лингвистика” (17 позиција).

Санктпетербуршкиот државен универзитет го зазеде 26 место на светот и првото место меѓу руските школски установи во сферата „Инженер по рударство и експлоатација на минерали”.

Во рамките на комплетната ранг-листа на QS 17 руски универзитети зазедоа 71 позиција што се однесува до школувањето за различни специјалности. Во 2015 година на ранг-листата се најдоа 10 руски универзитети кои зазедоа 46 позиции. На списокот се рангирани вкупно 300 светски високообразовни установи.

Првите позиции во повеќето специјалности ги зазедоа универзитетите во САД и Велика Британија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња