Првиот човек на Ростуризам Олег Сафонов изјави дека благодарение на падот на рубљата бројот на странски туристи кои ја посетиле Русија во 2015 година се зголемил за 13 проценти. Ова свое мислење тој го искажа и за време на XI Меѓународен туристички саем „Интурмаркет“, пренесува ТАСС.
„Рубљата падна во однос на водечките странски валути – еврото и доларот. И од една страна ова, секако, е многу лошо, но од друга страна создава услови за зголемување на бројот на странските туристи во Русија. Поради ова ние треба да бидеме многу активни“, подвлекува раководителот на Федералната агенција за туризам.
Според Сафонов, поголемиот дел од патниците што доаѓаат во Русија се од Кина и од земјите на Југоисточна Азија. „За жал, кога станува збор за туризмот од Европа можеме да забележиме пад. Сепак ова не е засекогаш! Сè се менува, сè се развива“, уверува тој.
Покрај тоа, првиот човек на Ростуризам забележа дека на Русите им се отворени нови правци за одмор во странство за сметка на Египет и на Турција кои привремено се затворени. Меѓу нив се Бугарија, Грција, Израел и Иран.
На почетокот на март од Рускиот сојуз на туристичката индустрија соопштија дека рускиот туризам во странство забележува најголем пад во последниве 18 години. Така бројот на руски туристи во странство во 2015 година се намалил за 31.3% и изнесува 12.1 милион лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче