Началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Сергеј Рудској изјави дека Воздушно-космичките сили на Русија продолжуваат со воздушните напади врз објектите на терористите во Сирија. Според неговите зборови, руските авиони секојдневно реализираат 20-25 борбени летови давајќи ѝ поддршка на сириската војска во ослободувањето на градот Палмира.
„Во последно време владината војска и патриотските сили со поддршка на Воздушно-космичките сили на Русија спроведуваат голема операција за ослободување на градот Палмира. Руските авиони во просек дневно реализираат 20-25 борбени летови“, изјави тој.
Според зборовите на Рудској, руската авијација ќе продолжи со нападите врз терористичката организација „Исламска држава” и „Џебхат ан- Нусра”.
„Сакам да истакнам дека Воздушно-космичките сили на Русија ќе ги продолжат нападите врз терористичката организација ИД и Џебхат ан-Нусра на територијата на Сирија“, изјави Рудској, пренесува „Комерсант”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче