Две групи авиони на Воздушно-космичките сили веќе ја напуштија Сирија

Во состав на групите кои полетаа за Русија се наоѓаат авиони Ту-154 со кои се превезува инженерско-техничкиот кадар и воздухопловните средства, како и повеќенаменските бомбардери Су-34.

Првите две групи руски авиони полетаа од Сирија кон своите постојани бази во Руската Федерација, соопшти Министерството за одбрана.

Првата група руски авиони полета од базата Хмејмим во Сирија кон своите постојани бази на територијата на Руската Федерација. Во состав на групата се авионот „предводник" Ту-154, како и повеќенаменските бомбардери Су-34, се вели во соопштението.

Следните летови, како што нагласува воениот ресор, ќе бидат реализирани по групи. Во состав на секоја група ќе се наоѓаат „предводници“ – авиони на воено-транспортната авијација Ту-154 или Ил-76, со кои се превезува воено-техничкиот кадар и воздухопловниот и материјално-техничкиот имот, како и руските борбени авиони од разни видови кои ќе ги придружуваат.  

Во случај на потреба авионите на територијата на РФ ќе слетаат на воени аеродроми за да наполнат гориво и поради техничка контрола, пренесува РИА „Новости“.

Повлекувањето на руските сили се случува откако рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот, 14 март 2016 година, даде наредба за повлекување на дел од рускиот контингент во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња