Најновите ПРС „Врба“ станаа дел од вооружувањето на руската армија

Руската војска доби ПРС „Врба“ од последна генерација кој според своите параметри ги надминува сите системи во светот од таа класа.

Првата демонстрација на Меѓународниот воено-технички форум „Армија-2015“ покажа дека ниту една армија на светот нема Преносен ракетен систем со такви параметри.  

Како што изјавија за ТАСС претставници на Западниот воен округ, каде добија 50 комплети „Врба“, клучна особина на системот е можноста за неутрализирање на цели со мало зрачење, како што се крстосувачките ракети и беспилотните летала, во услови на дејство на лажни топлотни пречки на висина од 10 до 4,5 илјади метри и на далечина од 500 до 6, илјади метри.

Уште една особина е новата глава на самонаведуваната ракета која работи во три дијапазони – ултравиолетов, близок инфрацрвен и среден инфрацрвен дијапазон. Тоа овозможува да се добијат повеќе информации за целта, што го прави системот „избирачко“ оружје.

Притоа во ракетата постојано дејствуваат три сензори кои се проверуваат еден со друг и со самото тоа не ѝ даваат можност на целта да ја стави „во заблуда“ ракетата и да ја насочи кон лажни објекти.

ПРС „Врба“ во прв ред ќе биде испорачан на копнените сили, како и на ВДВ.  Меѓутоа, како што информираат креаторите на „Врба“, системот ќе биде монтиран и на бродови и хеликоптери, пишува „Руско оружје“, специјален прилог на „Росијскаја газета“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња