Претседателот на Русија Владимир Путин, кој му пружи воена поддршка на сирискиот лидер Башар Асад, изгледа дека сега не е во состојба да го контролира, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд.
„Очекуваме дека Москва ќе контролира дали сириските власти ги почитуваат обврските кои Русија ги презеде во нивно име во Меѓународната група за поддршка на Сирија. Очекуваме дека претседателот Путин, кој на Асад му пружи огромна воена и политичка поддршка, ќе биде во состојба да го контролира. Во овој момент не изгледа како Асад да се наоѓа под контрола на Путин“, се наведува во соопштението на Хамонд на официјалниот сајт на британската влада.
Хамонд исто така истакнува дека Европска унија треба да ги одржува односите со Русија, но дека Лондон не смее да ги испушти од вид „предизвиците кои Русија ги упатува спрема вредностите и безбедноста“ на неговата земја. „Мораме да бидеме решителни во одбраната на нашите принципи, нашите вредности и нашите граници во Европа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче