Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на жените празникот 8 март и истакна дека понежниот пол носи добрина и убавина, светлина и надеж на овој свет, пренесува РИА „Новости“.
„Жените ни даваат живот, нѐ греат со својата љубов, поддршката и грижата. Токму во жената, во нејзиното достоинство и милосрдие се манифестира вистинската душа на Русија... Вие му носите на овој свет добрина и убавина, светлина и надеж. Ние се гордееме со вас и ве сакаме. Уште еднаш од срце ви го честитам празникот, ви посакувам повеќе радосни денови и години, да сте ми среќни“, изјави Путин во обраќањето кое го пренесуваше телевизијата „Русија 24“.
Рускиот претседател изрази особена благодарност до жените од воената генерација. „Вашата сила на духот, вашиот подвиг нѐ научија да бидеме вистински мажи, да победуваме и покрај сѐ“, рече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче