Во Думата предвидуваат крај на нафтената војна против Русија

Според мислењето на членот на комитетот на Државната дума за енергетика Иван Грачов, растот на цените на нафтата бил очекуван и ќе трае.

Според мислењето на членот на комитетот на Државната дума за енергетика Иван Грачов, растот на цените на нафтата бил очекуван и ќе трае. Ова тој го изјави во интервјуто за радиостаницата „Рускаја служба новостеј“ во понеделникот, 7 март.

„Според мене, обидот да се притисне Русија со нафтената војна во раков импулсивен режим завршува. Луѓето пореалистично почнуваат да го гледаат светот, на Русија, и понатаму, според мене, монотоно ќе расте во просек цената на нафтата до следната криза“, изјави тој.  

Грачов истакна дека растот на цените е поврзан со недоволното инвестирање во нафтената индустрија. Според мислењето на пратеникот, доколку периодот без инвестиции би траел три години, место година и половина, тогаш цената на нафтата би можела да скокне до 200 долари за барел

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња