Руските претставници ја презедоа водечката улога во преговорите за мирно решение во Сирија, изјави портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби, пишува „Газета.ру“.
„Ние не се согласуваме за многу нешта во погледите со Русија за Сирија, а да не зборувам за она што се случува надвор од границите на Сирија. Веројатно, во ситуацијата околу Сирија ќе ни останат разногласија со Русија за различни прашања. Но Русија ја презеде водечката улога во мировните преговори, тие беа корисни и без заеднички“, изјави тој.
Претходно беше соопштено дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери разговарале по телефон за ситуацијата во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче