Лидерите на сириската опозиција побараа Русија да ги заштити од ИД

Борците на ИД и други терористички организации објавија „лов“ на опозиционерите кои го потпишаа договорот за примирје, изјави началникот на рускиот Центар за помирување.

Центарот за помирување на спротивставените страни во Сирија ќе помогне да се обезбеди сигурноста на лидерите на сириските опозициски формации и шефовите на локалните администрации кои го потпишаа договорот за примирје, изјави во саботата началникот на Центарот генерал-потполковник Сергеј Кураленко.

Според неговите зборови, од почетокот на работата на Центарот за помирување руските стручњаци одржале 23 средби со претставници на различни сириски опозициски формации и политички сили. „Дури и за овој краток период забележуваме суштински промени во текот на преговорите“, истакна Кураленко, а пренесува РИА „Новости“.

Тој соопшти дека ако во првите денови од работата на Центарот во својство на клучен услов за примирје опозициските лидери барале гаранции за заштита и безбедност од сириските владини структури и органи, денеска тоа е обратно. „Тие нѐ молат да им обезбедиме сигурност и заштита од борците на ИДИЛ и другите терористички организации кои објавија „Лов“ на опозиционерите кои го потпишаа договорот за примирје“, изјави Кураленко.

„Ние, од наша страна, ќе помогнеме да се обезбеди сигурноста на лидерите на сириските опозициски формации и шефови на локалните администрации кои го потпишаа договорот за прекин на борбените дејства и за почеток на процесот на помирување“, потенцираше тој.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња