Путиновото ембарго за повеќето увозни продукти кое беше воведено како одговор на западните санкции, остро го измени изгледот на високата кујна во која до неодамна имаше увозни деликатеси, пишува американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“.
Како што истакнува изданието, во претходните услови никој дури и не зборуваше за локалната руска кујна, затоа што беше вообичаено да се користат „прекуморски“ состојки и називи. Сепак во новите услови кулинарите мораа кардинално да ги променат своите навики. На менито постепено влегуваа јадења чии состојки се или одгледани или произведени на руска почва, пишува изданието.
Движењето за популаризација на руските производи кое е во зародиш, добива сериозна поддршка. „Ние произведуваме сѐ што има во Европа. Понекогаш продуктите може и да не се со ист квалитет, но почнавме да внимаваме на квалитетот пред две години. Во Европа фармерите се занимаваат со сопствено производство со векови. Дајте ни време и ние ќе ги стасаме“, раскажува портпаролот на мрежата фармерски кооперации „ЛавкаЛавка“ Марија Златополскаја.
Повеќето московски шефови успеаја да најдат замена дури и за најпрестижните и најбарани увозни продукти. Покрај тоа, воведувањето на ембаргото ги измени кулинарните обичаи, послужувајќи како лост за популаризација на едноставната руска кујна и инспирираше враќање на гастрономските импровизации на тема стари руски јадења, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче