Претседателот на Франција Франсоа Оланд и премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон ги повикаа Русија и властите на Сирија да ги прекинат нападите врз сириската умерена опозиција.
„Франција и Велика Британија инсистираат на тоа Русија и сириските власти итно да ги прекинат нападите врз групите на умерената опозиција“, се наведува во соопштението на француско-британскиот самит што се одржа во Амиен во Франција. Во соопштението исто така се повикува на прекин на насилството „кое ја попречува можноста за воспоставување мир“ и „се заканува трагично да ја отежне бегалската криза“, пренесува „Взгљад”.
Руското Министерство за одбрана, меѓутоа, истакнува дека руската авијација продолжува да врши напади врз одредите на терористите во Сирија. Рускиот воен ресор исто така соопштува дека режимот на прекин на огнот генерално се почитува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче