САД треба да имаат предвид дека со продолжувањето на антируските санкции тие ги поткопуваат можностите за соработка околу клучните меѓународни проблеми, изјавија во четвртокот од МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.
„Многу нешта во меѓународните работи зависат од атмосферата на дијалог меѓу нашите земји, за прашањата од глобална и регионална безбедност. Методично нишајќи ја структурата на билатералните односи, САД треба да имаат предвид дека со самото тоа ги поткопуваат можностите за соработка за клучните меѓународни проблеми за чие решение самите редовно се обраќаат до нас“, се истакнува во коментарот објавен на сајтот на министерството во врска со продолжувањето на антируските санкции.
Претходно амбасадата на САД во Москва соопшти дека Вашингтон ќе продолжи да соработува со Русија и во услови на санкции, оценувајќи ја одлуката на американскиот претседател Обама за продолжување на санкциите против Русија како рутинска работа и дека тој има право да ги укине секој миг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче