Рогозин: Не сме специјалисти за бомбардирање свадби

Потпретседателот на Русија Дмитриј Рогозин одговори на обвинувањата на командантот на НАТО во Европа Филип Бридлав за непрецизни воздушни удари во Сирија.

„Кој си ја има мувата на капата – специјалистот за бомбардирање на авганистански свадби нѐ обвини за „непрецизно бомбардирање“, напиша Рогозин на својот профил на „Фејсбук“.

Претходно командантот на силите на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав изјави дека Русија користи во Сирија непрецизно вооружување, пренесува „Взгљад“.

„Гледаме дека нашите руски партнери во Сирија користат вооружување кое не се одликува со висок степен на прецизност. Процентот на високопрецизно оружје е многу мал“, ја цитира ТАСС изјавата на Бридлав.

Според неговите зборови, „тоа води кој голема река бегалци од регионите подложени на бомбардирање“. Според генералот, „Русија и Асад намерно ја претвораат миграцијата во оружје, обидувајќи се да ги поразат европските структури и европската одлучност“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња