Бридлав: Русија претставува закана за интересите на САД

Русија е непријател на САД и претставува долгорочна закана за интересите на САД, изјави командантот на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав.

„Русија е непријател и претставува долгорочна закана за САД“, изјави Бридлав на брифинг во Пентагон, пишува „Взгљад“.

Генералот Бридлав рече дека Москва „се обидува да го разбие единството на НАТО“ и ја истакна потребата од нејзино „задржување и подготовка за конфликт во случај на потреба“.

Според зборовите на Бридлав, вмешувањето на Русија во Сирија го „усложнило проблемот“. Тој го повтори ставот на Вашингтон дека „Русија малку прави за борба со „Исламската држава“ и сериозно го поддржува режимот на Асад“, изјави командантот на силите на НАТО.  

Претходно Бридлав изјави дека Русија се обидува да стане светски лидер, што ги ограничува можностите на САД.

„Русија се стреми да ја обнови својата лидерска улога на светската сцена и тоа ги ограничува нашите можности. Русија признава само сила и се обидува да ја искористи слабоста на другите за свои интереси“, изјави Бридлав.

Тој исто така рече дека Вооружените сили на Русија ја зголемуваат својата моќ и професионализмот и, имајќи ја предвид сегашната надворешната политика на Русија, тоа не може да не ги вознемирува САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.