Бридлав: САД се подготвени „да се борат и да ја победат“ Русија во Европа

Ваква изјава даде командантот на американските сили во Европа на сослушувањето во Комитетот за вооружени сили на Сенатот, каде се разгледуваа мерки за спротивставување на „руската агресија “ во Европа.

САД се подготвени „да се борат и да ја победат“ РФ во Европа ако тоа биде потребно, изјави командантот на американските вооружени сили во Европа генерал Филип Бридлав, пренесува РИА „Новости“

„Ние сме подготвени, доколку биде потребно, да се бориме и да победиме“ рече Бридлав на сослушувањето во комитетот за вооружени сили на американскиот Конгрес, каде се разгледуваат мерки за спротивставување на „руската агресија“ во Европа

Претходно Европската команда на Вооружените сили на САД објави ревидирана стратегија на EUCOM во која за свој главен приоритет е наведено „задржувањето на руската агресија“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња