Воздушното командно место врз база на хеликоптер е опремено со специјални системи за врска, како и со радиостаници и предаватели. Од таков хеликоптер може директно да се раководи со копнени, воздушни или дури и ракетни сили во услови на воени конфликти и отсуство или дефект на копнената инфраструктура за врска.
Моделот на хеликоптерот на „судниот ден“ (како уште се нарекуваат воздушните командни места) засега е непознат, меѓутоа воздушните командни места од претходната генерација, произведени уште во СССР, беа изработувани врз база на хеликоптерите Ми-6 (тешките) и Ми-8 (средните).
Во јануари 2016 година ОПК соопшти дека му го предала на Министерството за одбрана воздушното командно место за стратешко управување од втора генерација врз база на еден од најтајните руски авиони – Ил-80. Новите воздушни командни места се одликуваат со зголемена отпорност, сигурност, помали се и имаат помала потрошувачка на енергија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче