„На 27 февруари 2016 година во рускиот Центар за помирување на спротивставените страни на територијата на сириската Арапска Република пристигна од американската страна список од 69 вооружени опозициски групации кои ја потврдија преку високиот комитет за преговори на Сириската национална коалиција на револуционерни сили на опозицијата и/или директно на САД својата приврзаност и согласност со условите за прекин на воените дејствија во Сирија“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Медиумите исто така соопштија дека претставник на Високиот комитет за преговори изјавил дека опозицијата се обратила до САД со барање да достави информација како се одвива режимот на примирјето, но засега не добиле одговор.
Претставникот на ВКП истакнал дека сириската опозиција ќе продолжи да се придржува до договорот за примирје, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче