СБ ООН усвои резолуција за прекин на огнот во Сирија

Советот за безбедност на ООН усвои резолуција за поддршка на прекинот на борбените дејствија во Сирија.

Советот за безбедност на ООН усвои резолуција за поддршка на прекинот на борбените дејствија во Сирија, пишува „Комерсант“.  

Примирјето настапи на полноќ, 27 февруари, според времето во Дамаск. Се истакнува дека документот подготвен од Русија и САД ја доби поддршката на сите 15 земји-членки на СБ ООН.

На тој начин, СБ ОООБ ја потврди „целосната приврзаност на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет“ на Сирија, изразувајќи поддршка на решавањето на конфликтот со посредство на ООН врз основа на Женевското коминике и Виенските декларации.

Исто така се соопштува дека специјалниот пратеник на ООН Стафан де Мистура ќе ги обнови преговорите меѓу Дамаск и опозицијата на 7 март. „Под услов да се почитува, ако даде Господ, режимот за прекин на огнот, а хуманитарната помош да пристига непречено, имам намера по консултациите со генералниот секретар (на ООН Бан Ки Мун) да ги обновам сириските преговори во понеделник, 7 март“, изјави де Мистура. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња