Претседателот на Русија Владимир Путин испрати телеграма со честитки до Џани Инфантино по повод неговиот избор за претседател на ФИФА, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува ТАСС.
„Активната и плодна работа во меѓународните спортски организации, важниот личен придонес за развојот на фудбалското движење со право ви донесоа висок авторитет. Убеден сум дека професионалното искуство, големиот креативен, организаторски потенцијал ќе ви помогнат на новата одговорна функција, ќе послужи за зајакнување на позициите на ФИФА во светот“, се вели во телеграмата.
Путин исто така ја потврди подготвеноста на руската страна за понатамошна конструктивна соработка со ФИФА, особено во подготовката на СП-2018.
Изборот за претседател на ФИФА се одржа во Цирих во петокот. 45-годишниот генерален секретар на УЕФА Џани Инфантино победи во вториот круг на гласање со 115 добиени гласови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче