Практично веднаш по склучувањето на договорот за Сирија САД изјавија дека разгледуваат план „Б“ – во случај на неуспех на примирјето. Според зборовите на министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, никој нема таков план и нема ни да има.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека резервни планови за примирјето во Сирија не постојат и нема ни да има, пренесува РИА „Новости“.
„Нема и нема ни да има. Кај никого“, изјави шефот на руската дипломатија.
Во понеделникот беше објавена заедничка изјава на САД и РФ за Сирија, според која примирјето меѓу владините сили на Сирија и вооружените опозициски групи треба да настапи на 27 февруари, а кое нема да важи за „Исламската држава“; „Џебхат ан-Нусра“ и другите формации, прогласени од ООН за терористички.
Претходно весникот „Гардијан“ соопшти дека САД разгледуваат резервен план кој може да вклуи и поделба на Сирија, во случај на неуспех на примирјето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.